Разрешен е Фремзим Даути – директорот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје, соопшти Минстерството за култура.
– По повеќемесечни инспекциски надзори годинава спроведени од Министерството за култура во 2021 година, утврдени се низа сериозни неправилности во работата на директорот од аспект на Законот за културата и Законот за библиотеките – соопшти Министерството.

На почетокот на јуни на социјалните мрежи се појавија фотографии од читалниците во НУБ – поплавени и распаднати читалници, искршени столчиња… Ги снимиле студенти кои подготвуваат испити во читалниците и побараа итно реновирање на објектот според сите стандарди.

Од Минстерството соопштуваат дека Даути се разрешува поради работа која не е во согласност со закон и статут и во други случаи предвидени со закон, врз основа на член 33, став 2 од Законот за културата.

– Врз основа на утврдената фактичка состојба констатирана при инспекциските надзори, министерката за култура Ирена Стефоска оцени дека се исполнети законските услови за разрешување од должноста директор на НУБ пред истекот на мандатот – соопшти ресорното министерство.
До избор на нов директор назначен е в.д. директор од редот на вработените.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.