„Станица пропаганда“ од Јонас Стал во МСУ

Во Музејот на современата уметност во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Станица пропаганда“ од Јонас Стал. Куратор на проектот е Ивана Васева. Станува збор за нова комплексна инсталација и програма во живо на холандскиот уметник, која ја истражува врската на уметноста и културата со доминантните форми на современата пропаганда, како и алатките и можностите на формите на (контра)пропаганда кои произлегуваат од еманципаторските грасрут и ослободителни движења.

Ова е негово прво самостојно претставување во нашата земја, а го организира здружението Факултет за работи што не се учат – ФРУ во соработка со МСУ во рамките на меѓународниот проект „Острови на сродство: Колективен прирачник за одржливи и инклузивни уметнички институции“.

– Целта на „Станица пропаганда“ е да ги направи видливи различните современи пропаганди кои активно го обликуваат нашиот свет денес. Централната инсталација е дизајнирана како обратен паноптикон: наместо да го надгледува посетителот, му обезбедува на гледачот позиција на контранадзор над работата на пропагандистите кои влијаат на нашиот секојдневен живот.

Терминот „станица“ може да се сфати на повеќе начини – велат организаторите.

Повеќе информации на линкот.

Сподели