Станете волонтер на книжевниот фестивал „Друга приказна“

Книжевниот фестивал „Друга приказна“ ги повикува сите млади љубители на книжевноста и културата да им се придружат во реализацијата на регионалниот книжевен фестивал „Друга приказна“. Потребни им се ентузијастични, љубопитни и ажурни волонтер(к)и кои сакаат подобро да ја запознаат и да се вклучат во книжевната и културната сцена во Скопје и да се подружат со писатели, критичари, уредници, уметници и теоретичари од земјава и регионот. Претходно волонтерско искуство е предност, но не е неопходно.

Волонтер(к)ите ќе имаат можност да се запознаат со процесот на подготовка и реализација на фестивалот, а во зависност од своите знаења и интереси ќе можат да помогнат во различни сегменти од организацијата на настаните, во комуникацијата со гостите, да учествуваат во создавањето медиумски и други текстуални содржини… Фестивалот има предвидено покривање дневница за волонтерите.

Сите заинтересирани може да испрататат мејл на [email protected] наведувајќи ги следните информации: име и презиме и телефон за контакт. Рокот за пријавување е 12 август.

Скопскиот книжевен фестивал „Друга приказна“ во организација на издавачката куќа „Темплум“ по 7. пат ќе се одржи од 26 до 28 август. Ова година на фестивалската тема „Нова писменост“ ќе се обединат 30-тина врвни книжевни имиња од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора. Во трите фестивалски дена ќе бидат исполнети со разговори, промоции, уметнички изложби, книжевни читања, предавања, работилници…

Сподели