Филмот „Тома“ на Драган Бјелогрлиќ и Зоран Кисинац, од вечерва до 16 декември ќе биде на репертоарот на Кинотеката во терминот од 20 часот. Улогите ги толкуваат: Милан Мариќ, Тамара Драгичевиќ, Петар Бенчина, Андрија Кузмановиќ, Сања Марковиќ. Сценариото е на Бјелогрлиќ, Лисинац и Никола Пејаковиќ.
„Тома“ е биографски портрет – слободна интерпретација на животот и доживувањата на легендарниот пејач Тома Здравковиќ (1938-1991), кој ги прикажува неговите почетоци, врвот на неговата слава, жените во кои се вљубувал и кои го инспирирале при компонирање на неговите најголеми хитови, како и односите на некогаш забревтаната естрада во некогашна Југославија.
Сторијата на Тома го следи пејачот (Милан Мариќ) од периодот на неговата рана младост, кога како момче во Лесковац работи како кафеански помошник. Во таа кафеана гостува пејачката Силвана Бајрактаревиќ (Тамара Драгичевиќ), ѕвезда во подем. Тома се вљубува во неа и ѝ ја презентира првата песна што ја напишал, па Силвана ќе му помогне да добие ангажман како кафеански пејач во Тузла.