На големата сцена во Македонскиот народен театар на 14 октомври со почеток во 20 часот, ќе се одигра претставата „Поделби“, од авторот Добрица Ќосиќ, по драматизација на Спасоје Ж. Миловановиќ, а во режија на Југ Радивојевиќ. Гостувањето е копродукциски проект меѓу Српско народно позориште, Нови Сад, Народно позориште, Ниш и Народно позориште, Приштина – со седиште во Грачаница.

Станува збор за едно од најзначајните дела на српската литература по Втората светска војна, „Поделби“, која премиерно беше одиграна на 11 март 2021 година во Ниш.

Според драматургот Кнежевиќ, за да се постави текстот „Поделби“ било неопходно да се направи драстична селекција на многубројните поединечни поделби со кои романот изобилува. Од кога основната линија е извлечена и кога личната и семејна трагедија на Урош Бабовиќ е ставена во прв план, Поделбите станаа театарски „Поделби“.

Во претставата играат: Небојша Савиќ, Соња Дамјановиќ, Mилош Цветковиќ,  Вукашин Ранѓеловиќ, Милан Ковачевиќ, Григорије Јакишиќ, Игор Дамњановиќ, Страхиња Бојовиќ и други.

Билетите се пуштени во продажба преку веб-страницата www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.