Средношколци од Скопје учеа како безбедно да користат технологија

Повеќе од 70 ученици од средните скопски училишта „Орце Николов“, „Васил Антевски-Дрен“ и „Никола Карев“ учествуваа на три интерактивни работилници што се одржаа во Europe House Скопје. Средношколците дознаа повеќе за погрешните информации и за улогата на интернет-корисниците во нивното ширење и добија конкретни совети како паметно, безбедно и одговорно да се користи технологијата.

Работилниците ги организираше Македонскиот институт за медиуми со поддршка од Делегацијата на Европската Унија. Предавањата ги реализираа новинарите Александар Манасиев и Васко Маглешов.

Сподели