Средношколци фотографираа и пишуваа приказни за антички локалитети во Македонија

Во свечената сала на Филозофскиот факултет во Скопје денеска во 12 часот ќе се одржи завршниот настан од натпреварот „Античка приказна инспирирана од фотографија“ што ја организираше Институтот за класични студии при Факултетот.

Во натпреварот „Античка приказна инспирирана од фотографија“ учествувале 49 ученици од средните училишта од Скопје, Куманово, Делчево, Струга, Битола, Велес, Гевгелија и од Македонска Каменица. Учениците имале задача да направат фотографија на антички локалитет, артефакт или да направат оригинална уметничка фотографија инспирирана од антички мотиви и врз основа на фотографијата да напишат кратка оригинална приказна.

Денеска ќе бидат прочитани најдобрите приказни и ќе им бидат доделени наградите на првите три места. Настанот е отворен за јавноста.

Целта на настанот е да ја приближи работата на професорите и учениците од средните училишта и Институтот за класични студии до пошироката јавност и да се поттикне поттикнеме интересот за културното наследство на нашата земја и креативноста кај младите.

Насловна фотографија: Стоби (архива)

Сподели