Средба со Срѓан Драгојевиќ по повод книгата „Чат-пат е добро да се читне некоја книга за да не се испадне глупав во друштво“

„Чат-пат е добро да се читне некоја книга за да не се испадне глупав во друштво (или сè што не сте знаеле за поезијата, а сте биле премногу мрзливи за да читате)“ е насловот на книгата на српскиот режисер Срѓан Драгојевиќ, што ќе биде промовирана вечерва во 20 часот во Бистро Комедија во Скопје. Книгата е во издание на ТРИ, а ќе ја промовира Румена Бужаровска. Таа ќе разговара со Драгојевиќ, доближувајќи го неговото писмо, поезија пишувана пред 40 години, актуелна и денес.

Срѓан Драгојевиќ добро го познаваме по неговите филмови – „Рани“, „Ние не сме ангели“, „Убавите села убаво горат“ и „Парада“.

– Самиот наслов зборува од името на бунтовноста. Пораката е јасна: не бидете мрзливи и дојдете на оваа несекојдневна промоција. Одгатнете ја оваа уште понесекојдневна книга. Може да биде најинтересното доживување што ќе ве доведе до запрашаност: што е следно – велат од ТРИ.

Сподели