Младиот математичар Лука Хаџи Јорданов освои сребрен медал 16. Меѓународен студентски натпревар по математика SEEMOUS2022 што се одржува во Палиќ, Србија. Тој постигна врвни резултати во конкуренција со екипи од 7 универзитети од Романија, 4 универзитети од Грција, 2 универзитета од Бугарија и 2 универзитета од Србија со по максимум 6 учесници од универзитет.
Хаџи Јорданов е студент на Институтoт за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Вoдач на нашата екипа беше проф. д-р Никита Шекутковски од Институтот за математика.
Фото: Институт за математика





