„Сребрена Тракија“ – 1.700 археолошки експонати од Бугарија на изложба во Скопје

„Сребрена Тракија“ е насловот на изложбата на повеќе од 1.700 експонати од 18 музеи во Бугарија која денеска во 13 часот ќе биде отворена во Археолошкиот музеј во Скопје. Изложбата е една од најголемите, според на застапени експонати, а е резултат на соработката помеѓу музјеските рабитници од Македонија и од Бугарија.

Според професорот Христо Попов, директорот на Националниот историски институт со музеј при Бугарската академија на науките, ваква голема изложба е предизвик за сите и во ена биле вклулени повеќе од 95 отсто од вработените во националните, регионалните, специјализираните археолошки и историски музеи, рече тој за БТА. Според него, со среброто како акцент на изложбата, целта е да се смени фокусот од тракиското злато за кое многу се знае и се зборува, додека среброто претставува и друга страна од културно-историските процеси што се одвивале во источните и централните делови на Балканот пред 2.500 години.

– Тоа е времето на раните тракиски држави, времето на Терес, Ситалк, Котис, нивните наследници од Одриските кралства, Севт Трети кои ги населувале териториите на денешната североисточна Бугарија. Балканот е лулка на европската металургија и рударство. Идејата за користење на среброто толку им се допаднала на тракиските кралеви што почнало масовно да се користи, меѓу другото и за коњска муниција, за садови и прибор. На територијата на Бугарија најголемата густина на сребрени предмети е од 5 и 4 век пред новата ера. Овој „сребрен хоризонт“ е обемен и карактеристичен токму за овој период на тракиската држава – вели Попов.

Меѓу најинтересните експонати се оние од тракиската некропола кај Дуванлии, кои денес се наоѓаат во Регионалниот археолошки музеј во Пловдив и во Националниот археолошки музеј со Институтот – БАН во Софија. Некои од значајните експонати што се чуваат во музејот во Казанлак. Има и експонати кои се непознати или не многу познати на пошироката јавност, бидејќи се откриени релативно неодамна, како што е комплетот од могилата Далакова кај селото Тополчани, кој се чува во Регионалниот историски музеј во Сливен, златната маска од областа Светица кај градот Шипка.

На изложбата ќе може да се види и сребрената декорација за коњска муниција од тумбата Пеичова од Старосел, која се наоѓа во Националниот археолошки институт со музеј – БАН, но за прв пат ќе биде изложено богатството од Бохот, кое се наоѓа во Плевенскиот музеј и не е многу познато, но е важно. Изложбата во Скопје ќе биде отворена до 7 април.

Сподели