Спектакуларното улично дефиле „Сонот на Ербер“ во Скопје

Спектакуларното улично дефиле и претстава „Сонот на Ербер“ на француската театарска трупа „Кидам“ утре ќе заврши прославата на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје. Настанот почнува утревечер (29 јуни) во 21 часот пред Музејот на град Скопје, потоа низ улица „Македонија“, преку Камениот мост до плоштадот „Карпошово востание“, каде што ќе се одржи финалето на претставата.

– Низ волшебна музика, пет обемни фигури, високи 4 метри, ќе изведат магичен ритуал преку кој ќе ù овозможат на една ѕвезда да се издигне на небото… Претставата е наменета за сите возрасти. На крајот на претставата, на фасадата на „Ибни Пајко“, ќе биде прикажан видео-мапинг на македонскиот визуелен уметник Емил Петро, насловен како „Франција во светлина“ – велат организаторите.

Сподели