Филмот „Најсреќниот човек на светот“ во режија на Теона Стругар Митевска освои специјално признание на Меѓународниот филмски фестивал во Палм Спрингс, Калифорнија. Фестивалот се одржува по 24-ти пат и е еден од најголемите во САД. Признанието се доделува во рамките на Mozaik Bridging the Borders Award.
Филмот е копродукција помеѓу Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска. Развојот и продукцијата е поддржана од Агенцијата за филм, Creative Europe – MEDIA, Еуримаж, Данскиот филмски институт, Belgium Tax Shelter, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот фонд од Сараево.
Филмот на Стругар-Митевска ја имаше својата светска премиера во Венеција во септември минатата година, и оттогаш има учествувано на неколку десетици фестивали низ цел свет. „Најсреќниот човек на светот“ беше македонски претставник за наградата за „Оскар“ за странски филм.