Шпански филмови – најава за 7. Beach Film Festival во Охрид

На плажата Сараиште од утревечер до 7 јули ќе бидат организирани бесплатни проекции на филмови од шпанската кинематографија, како најава за претстојниот 7. Beach Film Festival ќе се одржи од 17 до 21 јули во Охрид, а ќе биде во знакот на богатата шпанска кинематографија. Фестивалот нуди богата програма со филмски проекции и музички перформанси на 4 локации во Охрид, и тоа: Плажа Славија, Плажа Сараиште, Брод Армада и Младински културен центар.

Ќе бидат прикажани филмови за сите возрасти, вклучувајќи ги и најмалите. Филмовите смело ја опишуваат моменталната состојба на светот, современите проблеми, миграциите, правата на децата, семејствата и врските.

Фестивалот од година в година станува препознатлив бренд на летната сезона во Охрид и особено ја привлекува младата публика која го одбира Охрид за летен одмор целно во периодот додека трае фестивалот.

Сподели