Шпанска вечер на Охридско лето

Шпанска вечер со тенорот Акилес Мачадо од Венецуела и пијанистот Андреја Наунов ќе се одржи вечерва во 21 часот во охридската црква „Св. Софија“. На програмата се дела од Карлос Лопез Бучардо, Алберто Гинастера, Модеста Бор и од Антонио Естевез.

Акилес Mачадо почнал да учи музика на Конзерваториумот „Висенте Емилио Сохо“. Студирал во класата на професорот Вилиам Алварадо на Конзерваториумот „Симон Боливар“ во Каракас. Откако се сели во Шпанија, благодарение на стипендијата од Шпанската национална банка и Фондацијата „Моцартеум“ од Венецуала, Мачадо студира на Високата школа за музика „Кралица Софија“ во класата на Алфредо Краус. Во 1996 дебитира на оперската сцена во Каракас со „Љубовен напиток“, а истата година го има и Европското деби во „Магбет“ во театарот на Канарските острови. Неговата кариера е во постојан подем со настапи во најпознатите оперски куќи меѓу кои театарот „Колон“ во Лисабон, Арена ди Верона, Театарот „Сан Карло“ во Неапол, Театарот во Парма, Римската опера, оперите во Вашингтон и Лос Анџелес како и Театарот „Лисеу“ во Барселона, Театарот „Реал“ во Мадрид, Државната опера во Берлин, Германската опера во Берлин, Виенската „Штатсопера“, операта во Цирих, операта „Метрополитен“ во Њујорк како и „Ла Скала“ во Милано.

Андреја Наунов е роден во Кочани. Дипломирал на Фаĸултетот за музичĸа уметност во Сĸопје на одделот пијано во ĸласата на доцент проф. Симон Трпчесĸи, во чија ĸласа е и

на постипломсĸи студии. Добитниĸ е на државни награди по ĸамерна музиĸа и пијано, а има и оставрено бројни солистичĸи рецитали, настапи со Маĸедонсĸата филхармонија и орĸестарот на Националната опера и балет. Еден од позначајните настапи се турнеите со пијанистот Трпчесĸи во Маĸедонија.

Поĸрај пијанистичĸата ĸариера, се реализира и во воĸалните ансамбли. Во 2014 година се запишува на орĸестарсĸо диригирање на ФМУ во ĸласата на Саша Ниĸоловсĸи Ѓумар. Во Февруари 2023 година магистрира на орĸестарсĸо диригирање во ĸласа на маестро Борјан Цанев, со претставата „Севилсĸиот берберин“, на сцената на НОБ.

Сподели