Преку механизмот за цивилна заштита се обезбедува помош за да се гаснат пожарите во критичните места во земјава, соопшти Делегацијата на Европската Унија.
– Преку овој механизам мобилизиран е еден хеликоптер од Србија, два хеликоптера од Словенија, два авиона и еден хеликоптер од Турција, еден авион од противпожарната флота на ЕУ од Хрватска и еден авион од Романија 🇷🇴. Овие единици за поддршка веќе се ангажирани во гаснење на пожарите – соопшти Делегацијата.
Пожари има на планината Серта над Криволак, на Огражден, кај Битола, над Негорци, Зелениково, Студеничани, Липково и други места. Центарот за управување со кризи вќера објави дека завчера имало вкупно 36 пожари на отворено, од кои вчера активни беа 18. Дел од нив беа локализирани.
Фото: Томислав Георгиев