Со „Зоки Поки“ почнува „Кино утро“ во Кинотека

Во Кинотеката на Македонија од утре во 12 часот ќе почне „Кино утро“ со проекција на првата епизода од македонскиот телевизиски серијал „Зоки Поки“. Покрај десетте епизоди од серијалот публиката ќе може да ги види и новите авантури на „Нинџа желки – мутантски хаос“, норвешката продукција „Титина“, германскиот анимиран филм на еколошка тема „Смрдливците – добредојдовте во Смрдвил“, рускиот „Мачки во музејот“, македонскиот „Биби и Боби: пролетна магија“.

Билетите се по 100 денари. Повече информации на линкот.

Сподели