Пораки за поубав и поеднаков свет со уметност испратија 19 авторки и автори преку изложбата, кои преку својата уметност испраќаат „Од уметност кон родова еднаквост“ отворена во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје. Изложбата е дел од кампањата „Биди чудо од девојка“ чија цел е да ги поддржи и охрабри девојките и младите жени да станат поактивни учесници во општеството, со што ќе се создадат еднакви можности и во јавниот и приватниот сектор.

Проектот обезбедува кариерно советување, практикантство, менторство и поддршка на различни иницијативи ширум земјата. Беа доделени и награди на учесниците на конкурсот. Прво место освоија Магдалена Марјановиќ и Душица Димитровска (по 25.000 денари), второ место: Ангела Петрушевска (20.000 денари), а третото место ù припадна на Јана Марковиќ (10.000 денари.). Специјална награда од жирито доби Аника Божиновска (5.000 денари.)

Четири пофалници беа доделени на: Гаја Смилевска, Иван Коминовски, Ана Куновска и Антонела Митева. На изложбата учествуваа и Ивана Лазаревска, Славица Панева, Менче Здравкова, Марија Стојановска, Христина Здравковски, Габриела Лозаноска, Лили Ана, Сара Ангеловска, Тамара Гашева и Теодора Куновска. Тие добија сертификати за учество, што е потврда за нивниот значаен придонес кон промоцијата на родовата еднаквост преку уметноста.

Изложбата неделава ќе биде изложена во „МладиХаб“ каде секој ќе може да ја види бесплатно. Изложбата е дел од кампањата „Биди чудо од девојка“, во рамки на проектот „Еднакви можности за девојките и младите жени во Северна Македонија“, кој го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Мрежата Стела, со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје. Оваа изложба е само еден од чекорите кон општество со еднакви можности за сите. Проектот ќе продолжи да ги поддржува иницијативите за социјална правда и вклучување на девојките и младите жени во активната општествена сфера.
Фотографии: Небојша Гелевски-Бане















