Централни ликови на спектаклот беа физичарката Милева Мариќ Ајншајн, научничка и сопруга на Алберт Ајнштајн и Милутин Миланковиќ, математичар, геофизичар и климатолог

Со спектакл посветен на науката и уметноста, Нови Сад покажа дека има капацитет да ја носи тутулата „Европска престолнина на културата за 2022“. Со мултимедијалниот проект „Зенитеум: 2022“, на сцена висока 40 метри имаше 60 изведувачи – актери, хорски ансамбл, танчари и акробати, придружувани од светлосна архитектура и ласерски ефекти на кулата на зградата „Бановина“. Централни ликови на спектаклот беа физичарката Милева Мариќ Ајнштајн, научничка и сопруга на Алберт Ајнштајн која дел од својот живот го поминала во Нови Сад и Милутин Миланковиќ, математичар, геофизичар и климатолог. Нивните ликови ги толкуваа глумците Анита Манчиќ и Борис Исаковиќ.

Режисер на „Зенитеум: 2022“ е словенечкиот авангарден уметник Драган Живадинов. Претставата се занимава со поврзаноста на уметноста и науката, а идејата потекнува од транснационалното уметничко движење зенитизам на уметникот и уредник на списанието „Зенит“, Љубомир Мициќ кој во своето меѓународно списание ја обликувал модренистичката уметност помеѓу двете светски војни во Белград, Загреб, Париз, Брелин, Милано и во Москва. Претставата симболично почна во 20.22 часот кај зградата Бановина која своевремено била вклучена помеѓу најиновативните и најзначајни градби на 20 век.

На отворањето на манифестацијата настапија: електронскиот состав „Морчиба“, финскиот џез музичар Џими Тенор, пејачката Криста Бел, британскиот состав „Рудиментал“. Отворена е изложбата „Време и вселена“ од Маја Гојковиќ.

Честитки за граѓаните на Нови Сад за титулата „Европска претстолнина на културата за 2022 година“ пристигнаа и од вселената. Астронаутите на „Роскосмос“, Антон Скаплеров и Пјотр Дубров и нивниот колега од Меѓународната вселенска станица и претставник на Европската вселенска агенција Матијас Маурер се јавија во живо во рамките на програмата „Зенитеум: 2022“.

На сцената на Новосадското позориште неделава се случи првата премиера во рамките на големата културна манифестација – претставата „Идиот“, според капиталното дело на Достоевски, а режисер е нашиот Андреј Цветановски. Покрај Нови Сад, титулата годинава ја понесоа и Еш на Алзет во Луксембург и Каунас во Литванија.

Фотографии: Елена Петковска-Ѓорѓиевска

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.