Со „Сеќавања на Италија“ завршува „Кафе кино“

Со проекцијата на филмот „Сеќавања на Италија“, по сценарио и во режија на Џејмс Д’Арси вечерва завршува програмата на „Кафе кино“ во рамките на манифестацијата „Скопско лето“. Проекцијата почнува во 20.30 часот во летното кино на Кинотека на Македонија.

Филмот трае 94 минути, а улогите ги толкуваат: Лијам Нисон, Микел Ричардсон, Линдзи Данкан, Јоланда Кетл и други. Билетите чинат 100 денари, а може да се купат на билетарницата на Кинотека.

 

Сподели