Со развeaни знамиња на Македонија, аплауз и со пеење на химната денеска пред Природно-математичкиот факултет во Скопје беа пречекани младите математичари кои освоија четири медали и две пофалници на 39. Балканска математичка олимпијада (БМО) во Аргос, Кипар. „Честитки! Ве сакаме. Горди на вас!“ беа дел од транспарентите го кои беше пречекан македонскиот тим. Предводени од Никола Велов и Петар Филиповски, младите надежи постигнаа историски пласман за нашата земја и во екипен успех освоија 118 поени.
Средношколецот Никола Спировски го освои првиот златен медал за Македонија на БМО, сребро освоија Дамјан Давков (единствениот основец во нашата репрезентација) и Јан Стојановски, а Алексиј Тасиќ освои бронзен медал. Јасна Илиева и Блаже Суклевски освоија пофалници.
Македонското учество на БМО го организираше Сојузот на математичарите на Македонија.