Реновираната сала на Центарот за култура „Бели мугри“ од Кочани ќе биде свечено отворена вечерва во 19.30 часот. По тој повод ќе биде прикажан новиот македонски филм „Преекспонирано“ во режија на Елеонора Венинова, чија македонска премиера се случи пред неколку дена во Скопје.
Проблематична тинејџерка ја нарушува кревката рамнотежа на брачна двојка откако доаѓа кај нив на гости на неколку дена.
Улогите ги толкуваат: Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климоска, Марјан Наумов. Кинематографер е Лев Предан Коварски, музикате е на Линдзи Рајт, сценографија – Срѓан Митровиќ, монтажер: Гоце Кралевски, костими: Жаклина Крстевска, монтажер за звук: Дарко Спасовски, продуцент Гоце Кралевски (ДНФ ФИЛМС), ко-продуцент Мирјана Томиќ (ЛИЛИТ).





