Со перформанс со живи статуи почнува фестивалот „Малиот принц“ во Штип

Театарскиот фестивал за деца и млади „Малиот принц“ ќе биде отворен вечерва во 19 часот со перформанс за најмалите со живи статуи, пред платото на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.

На програмата на фестивалот што ќе се реализира на големата сцена во Домот на културата и ќе трае до 21 септември, ќе бидат „Пет и Еко“ – еколошка претстава за деца (18 септември во 18 часот). Еден ден подоцна ќе следува претставата „Црвенкапа“ на Театарот „Трајко Прокопиев“ од Куманово.

Претставата „Ајварко, Кифи и мр. Хамбургер“ на Центарот за култура „Ацо Шопов”  е на репертоарот на 20 септември, а на 21-ви во Штип ќе гостува „Театар хит“ од Скопје, со „Во домот на Волшебникот“.

Сподели