Со научен симпозиум во Париз се одбележуваат 50 години од отворањето на Лекторатот по македонски јазик

Со голем меѓународен симпозиум на престижниот Национален институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз денеска ќе бидат одбележани 50 години од отворањето на Лекторатот по македонски јазик. Ќе учествуваат македонисти и слависти, универзитетски професори – лингвисти, книжевни истражувачи и културолози, книжевни преведувачи и поети од седум држави. Заедно со македонските учесници тие ќе испратат порака дека вложувањата во македонистиката треба да продолжуваат во годините што следат.

Симпозиумот го органиизра ИНАЛКО во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Предвидени се три тркалезни маси, од кои едната ќе биде посветена исклучиво на македонистиката во Франција.

– Покрај изнесувањето научни согледби и презентирањето резултати од истражувања, се очекува во дискусијата да се поттикнат и заеднички иницијативи и нови проекти за следните години, како влог во развојот на македонистиката – врлат од МСМЈЛК.

Две тркалезни маси ќе бидат посветени и на творештвото на великанот на македонската литература и култура, Ацо Шопов – 50 години Лекторат по македонски јазик на ИНАЛКО во светлината на 100 години од раѓањето на Шопов. Со нив ќе продолжи и чествувањето на делото на Шопов во Париз, по повод големиот јубилеј, кое почна завчера, на Светскиот ден на позијат во седиштето на УНЕСКО. Од Симпозиумот ќе бидат изнесени и заклучни согледби кои се очекува да се однесуваат и на трасирањето на патот на македонистиката во Франција во следниот период.

Фото: Pixabay

Сподели