Со медалите околу врат, талентираните ученици од Математичко-информатичката гимназија во Скопје излегоа пред Министерството за образование и наука на мирен протест. Поддршка им дадоа нивните родители. „Идеја одлична – реализација нула“, беше еден од транспарентите преку кои порачаа дека бараат да им предава квалитетен професорски кадар. Со друг транспарент бараат оставка од директорката на гимназијата.
Талентираните ученици од трета година во МИГ цела недела ја бојкотираат наставата. Директорката Јулија Гајдаџиева тврди дека улениците се изманипулирани, а учениците и нивните родители велат дека се апсолутно незадоволни од тоа што било ветено пред три години, при отворањето на гимназијата, и тоа што го добиле.





