Со интернационална изложба отворени реновираните салони во Музеј на град Скопје

Дела од 15 интернационални уметници се изложени на поставката под наслов „Што би се случило ако? Изборот да се изгради алтернативна иднина“, отворена во реновираните изложбени салони на Музејот на град Скопје. Изложбата е дел од проектот CreArt, Network of Cities for Artistic Creation, поддржан од „Креативна Европа“.

Сите дела се селектирани на отворен конкурс од кураторот Пјетро дела Џустина и асистент кураторот, Лука Џенати. Поставени се дела од Аисте Амбражевичиуте, Хорхе Пелигро, Родриго Малвар, Серена Граси, Симон Попиелец, Анти-кул, Весна Саламон, Бернард, Дарко Алексовски, Жан Ромео Камптчуанг, ОПА (Опсесивна посесивна агресија), Полиморф, Валентина Траверс, Сара Вигиер и Стефано Серета. Изложбата ќе биде отворена до 3 август.

 

Сподели