„Со и без“ од Марија Сотировска-Богдановска во македонскиот КИЦ во Загреб

Изложбата „Со и без“ ја разоткрива скриената динамика на моќта, трудот и емоционалниот товар што непропорционално ги погодува жените, вели кураторката Ана Франговска за изложбата на Марија Сотировска-Богдановска отворена во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб. Во присуство на бројна публика изложбата ја отвори директорката на КИЦ, Мими Ѓоргоска-Илиевска. Таа истакна дека станува збор за интерактивна инсталација што бара активен гледач и учесник.

– Делото ја открива невидливата структура што ги обликува секојдневијата на жените. Инсталацијата ги поврзува дневниците, архивите и личните рутини со пошироките општествени проблеми. Публиката е поканета да ги препознае линиите и циклусите што често остануваат неприметени – вели Франговска.

Сотировска-Богдановска во својата работа го истражува товарот на финансискиот и емоционалниот труд. Изложбата нуди феминистички увид во улогите што жените ги носат во јавниот и приватниот простор. Таа отвора прашања за родовата нееднаквост и економската зависност. Таа е дипломиран сликар и магистер по ликовни уметности. Работи како доцент на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Има учествувано на бројни изложби во земјава и странство, од Берлин до Пекинг. Сотировска-Богдановска е коавтор на значајни монументални проекти и член на неколку уметнички групи. Нејзините дела се препознатливи по силната концептуална основа и визуелната чистина. Изложбата ќе трае до утре.

Сподели