Херпатологот Драган Арсовски од Македонското еколошко друштво вчера одржа едукативно предавање за ученици од две училишта од Карпош на темата зачувување на дивата флора и фауна. Настанот беше во чест на Меѓународниот ден на дивиот свет. Гости беа дечињата од основните училишта „Христијан Тодоровски Карпош” и „Вера Циривири Трена” кои потоа низ едукативна прошетка низ зоолошката се запознаа со сите животни што се наоѓаат на CITES листата на загрозени видови.
Настанот беше организиран во рамки на проектот финансиран од Европската Унија- „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES” со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање и Делегацијата на Европската Унија.
Проектот го спроведува NIRAS од Полска во соработка со локалните партнери Фармахем и Македонско Еколошко друштво. Оваа година се одбележува и 50-годишнината од Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора- CITES.
Во Зоолошка градина Скопје живеат 31 загрозен вид од CITES меѓу кои се мајмуните, жирафите, рептилите, слоновите, грабливите птици, пингвините, големите мачки и папагалите.