Актерите Јасмина Василева и Димитрија Доксевски вечерва ќе ја изведат дуо-драмата „Диши“ во Сараево, на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав. Претставата е по текст на Данкан Мекмилан, а во режија на Димче Николовски. Преводот на текстот е на Бојан Бошковски, сценографијата на Илија Николовски, а костимографијата – на Раде Василев.
Претставата „Диши“ ја имаше својата премиера во декември 2020 година. Драмски театар Скопје е еден од шесте театри од државите членки на овој фестивал од меѓународен карактер.