Ансамблот на Народниот театар од Битола вечер ќе настапи на Меѓународниот фестивал на актерот што се одржува во црногорскиот град Никшиќ. Претставата според текстот на Милена Марковиќ, а во режија на Кокан Младеновиќ е приказна за една или сите женски судбини, или за сите човечки судбини – како една жена го доживува својот живот како серија за неостварени бајки.
Во натпреварувачката програма на Фестивал на актерот, освен битолскиот театар, учествуваат и Народно позориште од Сараево, Народно позориште од Белград, Центар за култура од Тиват и Народно позориште – Бања Лука.
Фестивалот на актерот во Никшиќ годинава се одржува под мотото „Така е (ако така ви се чини)“
Во претставата играат: Сандра Грибовска Илиевска, Викторија Степановска Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска Дранговска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов.





