Народниот театар од Битола ќе учествува на Стериино позорје со „Брод за кукли“

Народниот театар од Битола ќе учествува на престижниоре фестивал Стериино позорје со претставата „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ. Фестивалот ќе се одржи од 26 мај до 3 јуни во Нови Сад. Во година кога театарот од Битола одбележува 80 години постоење (основан а 14 ноеври 1944), ќе му се врати на овој фестивал, по повеќе од три децении пауза.

„Брод за кукли“ е приказна за една или сите женски судбини, или за сите човечки судбини – како една жена го доживува својот живот како серија за неостварени бајки.

Во претставата играат: Сандра Грибовска Илиевска, Викторија Степановска Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска Дранговска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов.

„Свадбата на Мара“ во режија на Љубиша Георгиевски, во 1977 година учествуваше на фестивалот, една година подоцна ја играле „Време за пеење“ на Петре М. Андреевски во режија на Слободан Унковски. Во 1987 година ја одиграа „Магна карта“ на Марио Роси во режија на Златко Свибен,а последен пат на овој фестивал во регионот учествуваа во 1991 година со „Подземна република“ на Јордан Плевнеш во режија на Владо Цветановски.

Сподели