Снегот бил сојузник на партизаните што пред 77 години го ослободиле Скопје

Снегот бил сојузник на партизаните вечерта пред 77 години кога се водела одлучувачката битка за ослободување на Скопје од фашистичкиот окупатор. Поради слабата видливост германската артилерија не можела да ги користи сите капацитети.

Во книгата „Историја на македонскиот народ“, издание на Институтот за национална историја од 1969 година, пишува дека нападот на Скопје бил извршен од југ, исток и север.

„Борбите зпочнуваат на 11 номеври, а траат до 14 ноември 1944 година. Силни налети на единицте на 42. народноослободителна дивизија и смелоста на младинските ударни трупи овозможија да се зачуваат поважните згради и мостови во Скопје од уривање. Германците успеваат да ги урнат само железничките мостови во Скопје и Ѓорче Петров (тогаш Ханриево). За истакнување е успехот на 42. дивизија која го попречи рушењето на браната на хистроцентралата Матка со што го спасија градот од катастрофа. Треба да се истакне и дејството и улогата на младинските групи однатре во градот кои многу го помогнаа дејството на оперативните единици“, се вели во книгата.

(В.И.И.)

Фото: Wikipedia

Сподели