Сојузот на математичарите на Македонија (СММ) ги уреди и доуреди прашањата поврзани со организирање и спроведување на општинските, регионалните и државните натпревари по математика. Одлуката ја донел Управниот одбор на седница кон крајот на декември, а се однесува на учениците од основното и средното образование во учебната 2021/22 година, во услови на зашитита од ковид-19.

Така, пријавувањето на учениците за општинските натпревари за основно и средно образование ќе се врши најдоцна до 7 февруари до 22 часот, преку пополнување на електронски пријави. Општинските натрпревари за сите ученици се на 19 февруари, регионалните – на 12 март, а државните натпревари за основците се закаѓани за 14 и 15 мај, а средношколците – за 16 и 17 април.

Комисиите за натпревари за основно и средно образование ги изработиле и темите за натпреварите за основно и за средно образование. Повеќе инфпрмации на овој ЛИНК.

Насловна фотографија: Архива на СММ

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.