„Твојата љубов е круна“ е насловот на изложбата на дела од Калина Брајковска која вечерва во 20 часот ќе биде отворена во Младинскиот културен центар во Скопје. Темата е супер-човек, љубов, слобода. Таа ќе се претстави со слики во големи димензии и силен колорит.
– Претставениот човек е примерок на аватар, кој покажува човек што љуби, што поттикнува, инспирира, човек ослободен од ниските страсти, човек кој е најдобрата верзија на човештвото – велат организаторите.
Брајковска дипломирала на Филозофскиот факултет на отсекот историја на уметност со археологија, се занимава со применета уметност (дизајн) и сликарство. Изложбата во МКЦ ќе трае до 16 април.