Скопската премиера на филмот „Северен Пол” на режисерката Марија Апчевска-Петровска ќе биде организирана вечерва во 20 часот во МКЦ Парк, првиот македонски филм што учествуваше во официјалната конкуренција на Канскиот филмски фестивал.
Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Филмот е во продукција на „Кино око“, а во копродукција со „Сервиа филм“ од Србија и „Тиволи продукција“ од Унгарија, со поддршка на Агенцијата за филм на Македонија.
Филмот „Северен Пол“ имаше светска премиера на Канскиот филмски фестивал, беше прикажан и на Сараевскиот филмски фестивал и на „Браќа Манаки“ во Битола.
Влезот е слободен, но поради запазување на протокол треба да подигнете бесплатен билет преку www.bileti.mkc.mk
Влезот е слободен, но поради запазување на протокол треба да подигнете бесплатен билет преку www.bileti.mkc.mk




