Повеќе од 1.500 танчери од Македонија, Унгарија, Полска, Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Романија и од Хрватска ќе учествуваат на Меѓународниот танцов натпревар „Дајмонд“ штп ќе се одржи на 6 и 7 април во хотелот „Мериот“ во Скопје. 20 искусни судии, 10 национални и 10 меѓународни, ќе обезбедат правична и точна евалуација на натпреварувачите. Натпреварот го органиизраат Сара и Нермин Кочан, сопственици на инклузивното танцово студио Dancers United.
– Целта на натпреварот е да инспирира, плени и обезбеди неверојатен приказ на уметничките способности, вистински славејќи го танцот во неговите многубројни форми и категории. Ќе имаме можност два дена да уживаме во кореографиите на класичен балет, модерен балет, латино и стандардни танци, акробатски танц шоуа, хип – хоп, инклузивен и пара танц, диско и уличен танц… – велат тие.





