Симпозиум за млади идни инженери во Скопје

До 22 јуни е отворен повикот за студенти заинтересирани да учествуваат на образовниот симпозиум што го организира Бордот на европски студенти по технологија (БЕСТ Скопје). Симпозиумот е организиран од студентите за студентите и има едукативен, научен и културен карактер. Главна тема е „Одговорно инженерство“, со наслов How to train your responsible engineer и ќе се одржува од 7 до 15 јули во Техничко-технолошкиот кампус во Скопје.

– Повикот е отворен за сите проактивни студенти на УКИМ, со голем интерес за сѐ поврзано со природните науки и иновации и со аспирација некој ден да станете успешен млад инженер. Но, се прашувате што е тоа што ќе ве издвои на пазарот на трудот и ќе ви помогне да станете одговорен инженер? Клучот на ова прашање лежи во летниот настан „БЕСТ Симпозиум за Едукација“ – велат организаторите.

БЕСТ Скопје е една од 85 локални групи на поширока непрофитна, неполитичка, волонтерска организација раширена во 30 европски земји, повразана со развојот на студентите. Тоа го остваруваат преку саеми за вработување и кариера, курсеви, натпревари и друго.

Симпозиумот содржи сесии, работилници и дебати каде ќе се дискутира за одговорно, етичко и одржливо инженерство и неговата застапеност во наставните програми на универзитетите. Тоа што ќе го сработат учесниците од настанот ќе се прерасне во научен труд кој ќе биде презентиран на конференции низ Европа. Настанот е само дел од процесот на пишување на научен труд кои што ќе се презентира на конференциите SEFI, WEEF и други.

Културниот аспект на овој настан вклучува вмрежување и културна размена со студенти од Турција, Мексико, Австрија, Франција, Данска и уште многу други земји. Учесниците ќе имаат можност да ги запознаат странските учесници со македонската култура и да бидат дел од многу дружби и активности.

Сподели