Симон Трпчески и „Македонисимо“ во Секирник на 26 август

По исклучителниот прием на концертите во Литванија и повторно Германија, Симон Трпчески и „Македонисимо“ на 26 август во 20 часот, ќе настапат во село Секирник, Општина Босилово, Струмица. Концертот во родното место на мајката на Трпчески, во подножјето на планината Беласица, ќе биде организиран на отворено и ќе биде со слободен влез за сите заинтересирани.

Од настапот во с. Збажди, Струшко

– Како што минатата година ја почнавме македонската турнеја „Македонисимо 2022“, со организациски исклучително предизвикувачкиот концерт во с. Збажди, Струга, родното место на таткото на Симон Трпчески (на 1000 метри надморска височина, на планината Караорман), така оваа година со овој исто така несекојдневен концерт ја стартуваме балканската турнеја на „Македонисимо“, што ќе трае до октомври и ќе ги вклучи настапите во Хрватска, Србија, Словенија, Црна Гора, Романија – велат од „КултурОп“.

Сподели