Шпанска керамика на мурал на Театар Комедија

Театарот Комедија на својот влез доби нова визуелна приказна. Привлекувајќи погледи и внимание, муралот создаден од македонските уметници Викторија Митева и Орхан Камилов е вистинска визуелна сензација, инспирирана од безвременската шпанска керамика Talavera de la Reina.

Ова дело не е само мурал, туку и спој на традиција и современ израз.
Проектот е остварен во соработка со Здружението за културно-уметнички дејности
„Одоната“, под покровителство на Амбасадата на Шпанија и со поддршка од
Македонското модно здружение.

Муралот е продолжение на успешниот проект „Дијалози“, во кој македонските
уметници ја доловија својата визија за уметничката традиција на керамиката Талавера де ла Реина во нивните модни дизајни и керамички фигури. Македонските уметници Викторија Митева и Орхан Камилов сакаа да го продолжат овој „Дијалог“, овој пат преку мурална уметност.

Сподели