„Широк дијафазон“ на Сашко Коцев в петок во Кочани

„Широк дијафазон“ е насловено стендап шоуто на актерот Сашко Коцев што ќе се одржи во петок (5 април) во Кочани. Настапот е закажан во Центарот за култура „Бели мугри“ во 20. „Широк дијафазон“ е голем хит на големата сцена на Македонскиот народен театар, каде влезниците се продаваат и еден месец однапред. Билетите за петок и за 11 април се веќе распродадени. Задутре ќе биде објавен датумот за третиот термин.

Повеќе за концептот на стендап-настапот и за идејата на актерот Коцев, на следниот ЛИНК.

Сподели