Средношколците Никола Спировски, Јасна Илиева, Блаже Суклевски, Алексиј Тасиќ, Јан Стојановски и полуматурантот Дамјан Давков ќе ја претставуваат Македонија на 39. Балканска математичка олимпијада (БМО) која од утре до 9 мај ќе се одржува во Аргос, Кипар. Натпреварот се одржува со физичко присуство на натпреварувачите. Овие ученици покажаа најдобри резултати на Македонската математичка олимпијада што се одржа во четвртокот на Природно-математичкиот факултет во Скопја, а го организираше Сојузот на математичарите на Македонија.

– Со оглед на тоа што три натпреварувачи на тукушто одржаната ММО завршија на делба на 6. место (Марија Атанасова, Дамјан Давков и Емилија Николовска), надлежната комисија одлучи како ад-хок критериум за разрешување на настаната ситуација да послужат постигнатите резултати на Третиот меморијален математички натпревар „Александар Блажевски-Цане“. Станува збор за натпревар од годинешниот натпреварувачки циклус на кој учествувале трите засегнати натпреварувачи и притоа се натпреварувале на исти задачи што според тежината соодветствуваат на задачи за БМО – соопшти Сојузот на математичарите.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.