Шест електронски интерактивни табли се поставени во населените места Миладиновци, Текија и Мршевци кои се дел од основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Општина Илинден, Скопско. Таблите ги обезбеди општината за да се подобри воспитно-образовниот процес.
– Постојано внесуваме новитети и современи начини на работа во воспитно-образовната дејност за да го подобриме интерактивното учење кај најмладите генерации, но и да ги модернизираме на условите за работа во училиштата – велат од општината.