„Северен Пол“ на Марија Апчевска најдобар на фестивалот во Билбао

Филмот „Северен Пол“ во режија на Марија Апчевска ја освои главната награда на 63. ZINEBI – Bilbao International Documentary and Short Film Festival. На истиот фестивал, филмот доби и номинација за Европските филмски награди, известуваат од Агенцијата за филм.

Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Филмот е во продукција на „Кино око“, а во копродукција со „Сервиа филм“ од Србија и „Тиволи продукција“ од Унгарија, со поддршка на Агенцијата за филм на Македонија.

Филмот „Северен Пол“ имаше светска премиера на Канскиот филмски фестивал, беше прикажан и на Сараевскиот филмски фестивал и на „Браќа Манаки“ во Битола.

Сподели