На последниот ден на 5. Beach Film Festival, во 11 часот во Лапидариумот ќе започне вториот дел на работилницата наменета за дизајн на филмски постер, што ја води Матеја Николиќ. Идејата на настанот е да се запознае младата публика за процесот на креирање на постер (главен key visual) на филм и/или театарска
изведба. Во работилницата се вклучени сите фази – почнувајќи од истражувањето и алатките за изведување, до начинот на подготвување на концепт и финален дизајн на постерот. Денес на програмата е праткичнот дел од работилницата – учесниците ќе гледаат филм, а потоа ќе подготват концепт дизајн и мала дискусија на истата.
Со филмот „Сестри“ што ќе биде прикажан на плажата „Славија во 20.30 часот, ќе биде затворено годинешното издание на фестивалот кој става фокус на регионалните кинематографии.
„Сестри“ е копродукција помеѓу: Македонија, Косово и Црна Гора. Режисерка на филмот е Дина Дума, која заедно со Мартин Иванов и се потпиша на сценариото. Улогите ги толкуваат: Антонија Белазелкоска, Миа Жиро, Марија Јанчевска, Ханис Багашов.
Beach Film Festival годинава беше организиран на неколку плажи и локации низ Охрид.