Шестмина предавачи на првата Конференција за психолози и психотерапевти

Шестмина предавачи ќе учествуваат на првата Конференција за психолози и психотерапевти што ја организира Македонската асоцијација на психолози и психотерапевти, денеска во 4.20 часот во „Јавна соба“ во Скопје. По краткото обраќање на претседателката на асоцијацијата, Дора Попова Узуновски излагање ќе има Ана Чочова-Анастасовска на тема „Аутизам и екранизам карактеристики, сличности и разлики“. Нина Блажевска ќе зборува за предизвиците со кои се соочуваат семејствата со деца со посебни потреби, а Попова-Узуновски за партнерската релација со партнер кој има нарцисоидно нарушување.

Следува излагањето на Калина Богојовска за тоа како стилот на врзување влијае на партнерските релации. Благоја Лекоски ќе зборува за справување со стрес на работно место, а темата на Весна Димитриовска е: „Дали работам за да преживеам или работам со задоволство?“

Повеќе инфпрмации на линкот.

Сподели