Владимир Јанковски, Румена Бужаровска, Елизабета Баковска, Јовица Ивановски, Снежана Младеновска Анѓелков и Никола Маџиров ќе станат нови членови на Друштвото на писателите на Македонија, објави писателската асоцијација. Оттаму известуваат дека ги поканиле овие автори кои и веќе добиле книжевни награди и веќе се здобиле со сериозна писателска репутација.

На 13 февруари, ДПМ го одбележува јубилејот од 75 години постоење. Отворањето врата на новите членови е во рамките токму на свечените активности.

– Се радуваме и го поздравуваме нивното зачленување во ДПМ и очекуваме нивната понатамошна активност да донесе дополнителен квалитет и креативна разнообразност во дејствувањето на асоцијацијата – велат од ДПМ.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.