Шест претстави на 10. Шекспир фестивал во Битола

„Месечината јасно свети во ноќите како оваа“ – цитатот од „Венецијанскиот трговец“ е мото на 10. јубилејно издание на Шекспир фестивалот во Битола што ќе биде отворен вечерва во 20 часот со изведбата на претставата „Едвард Втори“ во режија на Андриј Жолдак, копродукција помеѓу Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес и Драмски театар од Пловдив, Бугарија. Јубилејниот фестивал ќе се состои од шест претстави, од кои половината се домашн продукција.

И оваа година успеавме да составиме интересна програма што ќе се изведува на сцената на Центарот за култура и се надевам дека ќе биде добро посетена, истакна Иван Јерчиќ, директор на театарот.

Утревечер на програмата е „Хамлет – денот на убиствата“ во режија на Марјан Неќак,  уште едно современо видување на приказната за Хамлет. Претставата неодамна беше прогласнеа за најдобра во Нови Сад. На вториот фестивалски ден ќе гостува и Катс Шахне театар од Истанбул со „Цезар“ во режија на македонската режисерка Сибел Абдиу.

Во недела, 30 јун, по трет пат во Битола гостуваат „Имперфект денсерс“ компани од Италија кои во Битола ќе ја имаат светската премиера на нивната претстава „Отело“, која по трет пат гостува во Битола.

Со светска премиера в недела ќе се претставати компанијата „Имперфект денсерс“ од Италија.

На 1 јули ќе гостува театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп со претставата „Бура“. Фестивалот ќе биде затворен на 2 јули со „Ромео и Јулија“ на Театарот „Тоша Јовановиќ“ од Зрењанин, Србија.

-Материјалниот свет може да исчезне, вредностите, идеите и емоциите кои Шекспир ги претставува во своите дела се толку длабоки и универзални што можат повторно да го изградат човечкиот дух и култура. Токму затоа, делата на Вилијам Шекспир се испратени во вселената. Во 2010 година, како дел од програмата Lunar Reconnaissance Orbiter” (LRO) на NASA, дигитална копија од делата на Шекспир беше испратена на Месечината. Ова беше дел од проектот Moon Arts Ark, кој имаше за цел да ги зачува човечките уметнички дела и културното наследство. Според тој модел доколку дојде до апокалипса би можело да се реконструира целата цивилизација, онаква каква што денес ја знаеме, каква и да е – рече Јерчиќ.

Дизајнот на визуелното решение за 10. „Битола Шекспир фестивал“ е на Сашо Илковски и е графичка интервенција врз фотографија на Месечината фотографирана од авторот на ‎15 ‎јуни ‎годинава.

Сподели