Серијата „Црвениот поет“ за животот на Кочо Рацин на „Телма“

На телевизијата „Телма“ вечерва во 20 часот ќе биде емитувана првата епизода од телевизискиот серијал „Црвениот поет“. Серија е за животот и делото на Коста Солев Рацин, еден од великаните на македонската поезија од 20 век, револуционер и патриот. Серијата е во продукција на „Сектор филм“, сценариото е на Сашко Насев, а режијата на Никола Поповски.

– Коста Солев Рацин, извонредно талентиран млад поет, се осмелува да пишува и објавува своја поезија на македонски јазик и покрај строгите забрани во времето по Првата светска војна. Згора на тоа е прогласен комунист, уште една активност која тогаш е забранета од властите, што му носи дополнителни тешкотии. Приказната прикажува извонредна борба и херојски настани низ Втората светска војна. Сето тоа ќе има страшни последици за него и неговата поезија – пишува во најавата за серијата.

Улогите ги токуваат: Александар Ристоски, Самоил Стојановски, Кристина Христова-Николова, Наталија Теодосиева, Петар Мирчевски, Стефан Стерјовски, Нино Леви, Мето Јовановски, Јордан Симонов и други.

Сподели