Со претставата „Сергеј е многу глупав“ во режија Дејана Николовска, Народен театар во Охрид е вечерва во 20 часот ќе ја почне театарската сезона. Автор на текстот е Дмитриј Данилов, а играат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Горан Стојаноски, Филип Кипровски и Елизабета Стефановска.
Претставата се занимава со границите на реалноста во животот на еден актуелен современ лик – компјутерски програмер. Навидум едноставна животна ситуација одеднаш се претвора во егзистенцијална ситуација. Курири–доставувачи неочекувано доаѓаат кај Сергеј и уште од прагот соопштуваат дека имаат намера да поминат точно еден час со него, по што ќе му дадат пратка со непозната содржина. Од овој момент па натаму, започнува надреалистично шоу кое го вовлекува гледачот во динамична игра во која дијалозите и хероите ги рушат сите очекувани театарски стереотипи и во која крајот за гледачите е целосно непредвидлив.