„Сенката на Караваџо“ од 18 јануари во киносалите

Бунтовен и немирен, побожен и скандалозен, независен и насилен, Караваџо, како што го опишува режисерот Микелe Плачидо во филмот „Сенката на Караваџо“, е уметник со апсолутен талент во кој живеат генијалноста и непослушноста. Од 18 јануари, во Скопје („Синеплекс“), и низ Македонија, ќе се прикажува филмот во режија на италијанскиот режисер Микеле Плачидо „Сенката на Караваџо“, за комплицираниот и авантуристички живот на еден од најголемите визуелни уметници во историјата, Микеланџело Меризи, познат како Караваџо. Филмот веќе се прикажува во киното „Милениум“.

Италија, во 1610 година, Караваџо е еден од најбрилијантните сликари на своето време, но и бунтовник против одлуките на црквата. Информиран дека уметникот во своите дела прикажува проститутки, крадци и скитници, папата Павле V наредува ватиканската тајна служба да го истражи Караваџо, по што тој мора да одлучи дали ќе го помилува сликарот или не, бидејќи откако бил осуден на смрт поради убиството на љубовен ривал, Караваџо го бара тоа.

Истражувачот, познат како Сенка, започнува истрага што ќе го наведе да ги открие пороците и доблестите на уметникот чиј живот го држи во свои раце.

Според режисерот Плачидо, филмот опишува голем уметник како рок ѕвезда која живее во виорот на животот и која деновиве би живеела во Њујорк или Лондон. „Караваџо дојде во Рим, центарот на светот, универзум на имигранти, проституција, кардинали, принцови и насилници. Место на огромно богатство и огромна сиромаштија, каде парите течат во палатите и каде што бездомниците гладуваат на улиците.

Бунтовен и немирен, побожен и скандалозен, независен и насилен, Караваџо, како што режисерот го опишува во филмот „Сенката на Караваџо“, е уметник со апсолутен талент во кој живеат генијалноста и непослушноста.

Сподели