Семинар за стандарди при транспорт на артефакти во земјава и странство

Во Музејот на Македонија во Старата скопска чаршија денеска во 12 часот ќе се одржи семинар насловен „Стандарди и ракување при транспорт на заштитени движни културни добра во земјава и странство“. Тројца искусни кустоси ќе ги претстават своите искуства.

Милчо Георгиевски, историчар на уметноста, кустос-советник во пензија ќе зборува на тема „Планирањето, правилното ракување и пакувањето, како предуслови за безбеден транспорт на музејските предмeти“. Етнологот Наде Геневска-Брачиќ, кустос-советник во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј во Битола ќе зборува за „Движење на музејските предмети, искуства и практики“. Археологот м-р Перо Арџанлиев, кустос-советник при Археолошкиот музеј на Македонија ќе зборува за пакувањето на артефакти, важен дел од заштитата на културното наследство и неговата презентација.

Семинарот го организира Македонскиот национален комитете на ИКОМ.

Сподели